Антукорупциски апсења во Романија
17.03.2015 14:46
Градоначалникот Раду Мазаре е осомничен за примање 9 милиони евра поткуп од приватни компании во замена за тендери...

Антикорупциски апсења ја тресат Романија. Уапсен е градоначалникот на Констанца, само еден ден по обвинението против Министерот за финансии и апсењето на првиот човек на Агенцијата за транспарентност.
Градоначалникот Раду Мазаре е осомничен за примање 9 милиони евра поткуп од приватни компании во замена за тендери, а против министерот Дариус Валцов за мито од два милиони евра кога бил градоначалник на Слатина.
Шефот на Агенцијата за транспарентност, Хориј Георгеску, пак, се товари за бесправно зголемување вредноста на компензациите за имоти конфискувани за време на комунизмот.
