Туларемија: Девет потврдени случаи, пет сомнителни

17.03.2015 14:49

Тим од десет епидемиолози вчера ги посетија домовите на заболените и зеле мостри од бунарите...

Според Институт за јавно здравје во државава има девет потврдени случаи на туларемија, а сомнителни се уште пет. Четворица од заболените се од селото Каратманово, општина Лозово.

Тим од десет епидемиолози вчера ги посетија домовите на заболените и зеле мостри од бунарите.

Од Институтот велат резултатите од анализата, кои треба да бидат готови за три дена, ќе покажат од каде доаѓа заразата.

Болеста ја шират глодари, а заразата не е можна од човек на човек.