Нова фабрика во штипската индустриска зона

17.03.2015 15:05

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски присуствуваше на официјалното отворање на фабриката „Актива- Штип“ за заварени склопови за автомобилската индустрија...

Новата инвестиција во Индустриската зона Запад- Штип вредна 4 и пол милиони евра ќе обезбеди 300 работни места.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски присуствуваше на официјалното отворање на фабриката „Актива- Штип“ за заварени склопови за автомобилската индустрија.

Капацитетот што е на 9 илјади квадратни метри ќе работи како добавувач на белгиски „Ван Хул“. Со ова ќе се постигне поврзување на домашните со странските компании, што е уште еден позитивен ефект за македонската економија.