Кошарка НБА

Атланта и Голден Стејт со 53 победи, Вејд одново подобар од Џејмс

17.03.2015 15:40

Двејн Вејд блескаше со 32 поени и вторпат сезонава го засени екс соиграчот од шампионските денови Леброн Џејмс, во победата над Кливленд 106 : 92 која одново го донесе Мајами во “плеј оф“ зоната...

Перо Антиќ постигна 5 поени во 53 победа на лидерот во Источната конференција Атланта која славеше во Сакраменто со 110 : 103. Идентичен број победи има и западниот лидер Голден Стејт, кој дома беше подобар од ЛА Лејкерс со 108 : 105. Двејн Вејд блескаше со 32 поени и вторпат сезонава го засени екс соиграчот од шампионските денови Леброн Џејмс, во победата над Кливленд 106 : 92 која одново го донесе Мајами во “плеј оф“ зоната. Џејмс заврши со 26 поени, а Кливленд остана на втората позиција на истокот.

Кајл Ловри со вториот “трипл дабл“ сезонава му предводеше Торонто во Индијана за 117 : 98. Покрај Атланта и Торонто, во 10 –те мечеви на гости славеше уштеекипата на Бруклинкај Минесота со 122 : 106.Дома се радуваа Вашингтон над Портланд со 105 : 97, Далас против Оклахома 119 : 115, Бостон против Филаделфија 108 : 89, Мемфис над Денвер 92 : 81, и Јута која го совлада Шарлот со94 : 66.