Нема српски државјани меѓу киднапираните работници во Либија

17.03.2015 16:24

Недоумицата и стравот дека се киднапирани српски државјани исчезна откако веста ја демантираше српскиот амбасадор во Либија, Оливер Потежица за РТС...

Амбасадата на Србија во Триполи соопштува дека меѓу киднапираните медицински работници од страна на припадниците на Исламска држава нема државјани на Србија. Претходно Си-Ен-Ен извести дека во болницата Ибн Син во Сирт се киднапирани дваесетина медицински работници меѓу кои и српски државјани.

Недоумицата и стравот дека се киднапирани српски државјани исчезна откако веста ја демантираше српскиот амбасадор во Либија, Оливер Потежица  за РТС. Тој изјавил дека ниту еден српски државјанин не е киднапиран во Сирт. Додал дека во Сирт синоќа биле девет српски граѓани од кои една докторка и една медицинска сестра во меѓувреме се префрлени во Триполи. Другите не сакале да се преместат и останале да работат во болницата со гаранции за безбедност.