Случај „Ореше“: Опожарени продаваницата и автомобилот на дедото на заштитениот сведок
Случајот со убиството на старецот од велешко Ореше повторно ја бранува јавноста. И повторно во фокусот е осудениот за убиството. Додека чека одлука на Апелацискиот суд, запали имот на семејството на заштитетниот сведок. Не сме безбедни- се жалат оштетените...

Синоќа била опожарена продавницата на дедото на заштитениот сведок од случајот „Убиство во Ореше“. Огнот го зафатил и возилото „Мерцедес“ паркирано до продавницата и речиси целосно го уништил. За пожарот сопствениците дознале од соседите.
Сопствениците побараа поголема заштита од државата, бидејќи не се чувствуваат безбедни.
Посведочи и нивната ќерка чиј сопруг беше заштитен сведок во случајот со убиството на старецот.
Од СВР Велес потврдија дека неколку минути по полноќ во Врановски Анови биле фатен осомничениот Ѓоре Петровски. Бил заедно со негов познаник од Превалец со чиј автомобил се одвезле до селото.
Петровски и порано предизвикал пожар во дуќанот за што е осуден на 4 години но одлуката чека потврда од Апелација. За одмазда го запали и автомобилот на велешката судијка.
Како нарачател на убиството на старецот од Ореше, доби 13 години затвор, но и овој случај е на повторно одлучување пред Апелациониот суд.
Фиљана Кока
