Случај „Пуч“: Барањето за преодна влада во најмала рака е смешно!
Тоа што лидерот на СДСМ тврди дека на избори биле украдени 22 проценти гласови, во најмала рака е смешно. Опозицијата е во очајничка позиција па прави се за да дојде на власт, констатира Никовски...

Нема никаква основа за барањето на Заев во земјава да се формира преодна влада – вели дипломатот Риско Никовски за МТВ. Тоа што лидерот на СДСМ тврди дека на избори биле украдени 22 проценти гласови, во најмала рака е смешно. Опозицијата е во очајничка позиција па прави се за да дојде на власт, констатира Никовски.
„Тој ја руши државата, нанесува невидени долгорочни штети, денеска Македонија во сите светски медиуми се споменува во една негативна конотација, а резултатот на ова што го прават е токму тоа, Македонија да биде зацрнета во светот“, смета Никовски.
Премиерот Груевски од трибината јасно порача дека преодна влада нема да се формира.
„Барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо но без ВМРО-ДПНЕ во него. Ние сметаме дека народот е тој кој дава мандат на избори и дека народот бира кој ќе биде во владата. Со формирањето на преодна влада се отвора можност сериозен преседан кој лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите“, рече премиерот Груевски.
На целиот случај со прислушувањето во услови кога самата опозиција призна дека сечела и монтирала материјали, значи дека неможе да и се верува. Се што се случува во последниве години е влијание од надвор, од промена на на името, до наметнување на кризи – нагласува Никовски. Веќе се има признание дека прислушувањето е вршено по налог од надвор. На грешен начин опозицијата се обиде да го подкрене својот рејтинг, но и тоа не и успеа- констатира дипломатот.
„Тој ги плаќал тие луѓе четири, пет години, секој нормален се прашува од каде му се парите, финансиите за тоа, и што ќе му се тие материјали да ги собира четири- пет години, значи мора да стои странска служба позади тоа“, смета Никовски.
Експертите велат дека разрешницата на целиот случај ќе дојде преку правните механизми во државата.
Миле А. Ристески
