Експерти: Собирот на ВМРО-ДПМНЕ покажа единство

17.03.2015 17:34

„Виталните национални интереси и развојните аспекти оставија најголем впечаток од говорот на премиерот Груевски“- ова е став на дел од експертите. Проценката е дека, членството на ВМРО-ДПМНЕ покажало заедништво и останува поддржувач на владините политики...

„Партијата има силна поддршка во спроведувањето на владините политики и од членовите и од граѓаните“ - ова е ставот на професорот Оливер Андонов за неделниот собир на ВМРО- ДПМНЕ. Според него, таму се покажало силно единство, а говорот на премиерот бил конкретен за клучни политички прашања за државата. „Големото присуство на собирот го урна целокупното сценарио на СДСМ“ - вели Андонов.

„Ние мора да бидеме свесни дека првенствено членовите на ВМРО-ДПМНЕ  ја поддржуваат владината политика, со самото тоа доаѓаме до еден аналоген  заклучок дека и граѓаните во голем дел ја поддржуваат политиката на Владата која се спроведува. Говорот на премиерот беше исклучително силен кој барем мене ми остави силен впечаток од аспект  на посочување на главните како развојни аспекти така  и витални национални интереси. Масовното присуство на еден ваков голем собир претставува и политичка порака до политичкиот опонент дека не се согласуваат со неговите креации со неговите водења на политиките и она што ја продуцираше политичката криза воМакедонија“, смета аналитичарот  Оливер Андонов.

„Нема избори, но ќе има одговор, а тоа е дека силата на ВМРО- ДПМНЕ е во народот“, рече Груевски во обраќањето. Порача дека, за разлика од нивните опоненти, не сакале преку ноќ некој од странство да дојде и да ги донесе или да ги остави на власт, со нелегално креирани сценарија на тацна, без да се помачат.

„Ова е нашиот одговор до СДСM, силата на ВМРО –ДПМНЕ е во народот, кој не поддржува, во народот кој е со нас сиот овој изминат период, во народот кој ни ги познава слабостите, кој не укорува на грешките, но и кој ни ги знае предностите, народот кого го слушаме, за кого се трудиме и работиме. Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и да го киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може, а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите заради кои граѓаните гласале за нас и не бираат 9 години по ред на избори во девет изборни циклуси“, изјави претседателот на ВМРО –ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.

Ескпертите заклучуваат дека нервозата кај СДСМ се зголемува по тоа што го виделе во неделата во салата „Борис Трајковски“ и заклучуваат дека опозицијата не научила дека довербата се добива од народот, но само со програма и проекти.

Наташа Гркова- Петрушевска