Успешно партнерство со „Ван Хол“: „Актива“ отвори нова фабрика во Штип
Во штипската индустриска зона почна со работа „Актива“, домашна фабрика која соработува со белгискиот инвеститор, произведувач на автобуси, „Ван хул“. Новата инвестиција тежи 4 и пол милиони евра. Се отвораат 300 работни места...

Со инвестиција од 4,5 милиони евра домашна фабрика „Актива“ е првата која во новата штипска индустриска зона ќе работи во партнерство со белгиската компанија „Ван Хол“. Ова е прва капитална инвестиција од ваков вид, ќе произведува делови за автомобилската индустрија.
„Фабриката се збогатува со нов машински парк, нови нарачки за потребите на компанијата Ван Хол, за нивните фабрики во Скопје и Белгија, и што е најважно со нововработени млади луѓе, стручен кадар“, нагласки Иле Николов, директор на „Актива“.
Компанијата „Актива“ има околу 300 вработени од кои поголемиот дел се високообразовен кадар. За сопственикот на белгиската компанија за производство на автобуси ова е само почеток на успешна деловна соработка.
„Компанијата што ја изгради оваа фабрика ни понуди и многу други видови на техничка соработка. Се надевам дека оваа сорабока ќе премине во долгорочно партнерство и пријателство“, изјави сопсвеникот на „Ван Хол“, Филип Ван Хол.
Според вицепремиерот Пешевски, новата фабрика во модерниот свет се нарекува „функционална економија“. Подобрувањето на условите за бизнис и на домашните компании е во агендата на владините политики.
„Интензитетот на таа соработка резултираше да се јави потреба од нов погон, отворање на нови работни места, што значи дека не само странските инвестиции отвораат нови работни места, туку и како резулатат на нивната соработка со домашните компании се отвораат нови работни места“, нагласи вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Домашната инвестиција ќе обезбеди и локален економски развој.
„Благодарение на тоа што Актива отвори фабрика покрај регионалниот пат Штип- Радовиш- Струмица, веќе пред неколку дена германски инвеситор купи огромен плац каде ќе гради фабрика“, соопшти Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Штипската компанија ќе работи за најдобрите компании во светот, а тоа ќе ја зголеми конкурентноста на она што е произведено во Македонија.
Дијана Ценевска
