Компаниите од Македонија и Србија заедно ќе го освојуваат рускиот пазар

17.03.2015 18:48

Стопанските комори на Србија и на Македонија договорија заедничка соработка за зголемено присуство на рускиот пазар. Перспективи гледаат во учество на градежните компании на меѓународни тендери. Сами едни без други не можеме- заклучок од средбата во Белград...

Покрај контактите, форумот ги посочи конкретните можности за унапредување на економската соработка меѓу двете земји-која лани изнесуваше 850 мил.долари како и  зголемување на извозот и на ивестициите. Според Бранко Азески, по 3 години стопанската соработка повторно се враќа на Балканот, фокусирајќи на оние гранки кои овозможуваат заеднички настап на трети пазари

„Ние ќе бидеме лидери во соработката со афричките земји- со подршка на турските комори, а српската комора ќе биде промотор и лидер во соработката со кавкаските и бившите советски земји- со помош на Русија“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Бизнисмените од двете држави согласни се дека самостојниот настап на компаниите е потежок- отколку заедничкиот.

„Сакаме да видиме како компаниите можат заедно да излезат на трети пазари.Што е она што заеднички одредени компании, на пример од градежништвото од Македонија и од Србија, можат да направат како би учествувале на меѓународни тендери со што би биле дел од големите инфраструктурни проекти. Сами и едни без други неможеме“, вели Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија.

Веќе во Април во Скопје градежните фирми договорија состанок за заедничко учество на меѓународни тендери, што е во рамкте на акциониот план на двете земји.

„Ова е со цел, во иднина да се активираат директни средби во различни сегменти, како што се гадежништвото, земјоделието, металопреработувачката индустрија и др. и истовремено да се разгледаат потенцијалите каде двете земји можат да настапат на трети пазари“, нагласи Вера Јовановска Типко, амбасадор на Р. Македонија во Белград.

На форумот учествуваа 15 македонски и 30 српски фирми.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ