Списанието „Клоусер“

Таблоидите му отворија афера на Оланд

10.01.2014 15:09

Францускиот претседател Оланд на насловната на неделникот „Клоусер“ - списението на седум страници ја раскажува неговата наводна афера со актерката Жули Гаје, и покрај тоа што долги години е во невенчана врска со новинарката Валери Триервеле. Оланд најави тужба против „Клоусер“ за „напад на неговото право на приватност. Додека медиумите и се нафрлија на приказната од сите агли, Французите мртви ладни, а и политичарите немаат намера да ја употребат приказната против него.

„Списанието „Клоусер“ е одвратно. Тоа е приватен живот на Оланд. Животот си е живот, а ова воопшто не е интересно. Има многу поважни работи“, вели Емануел од Франција.

„И тој е човек како и сите други и има право на приватен живот. А и никој не знае дали е само гласина или не. Мене не ме интересира“, додава Зејнаб, жител на Франција.

„Не се прави политика со жолт печат. Не е чудно да се најде таква репортажа во такво списание“, смета Бруно ле Ру, шеф на пратеничката група на Социјалистите.

Жули Гаје еднаш се појавила во рекламен спот за изборната кампања на Оланд. Тогаш на интернет почнуваат да се шират гласините за наводната врска. Гаје поднела жалба во суд против повеќе блогови или сајтови кои известувале за гласините, но се уште нема реакција за случајот на „Клоусер“. За сега ниеден од двајцата не ја одрекува аферата.

Според списанието, претседателот и актерката редовно ги поминувале ноќите во стан близу до претседателската палата. Доаѓале заедно, Оланд со шлем, на мотор возен од шофер. Како што пишува „Клоусер“, утредента доаѓал телохранителот за да им донесе кроасани.

Ивана Салтировска