Стартува градбата на гасоводот ТАНАП
Балканските земји, пред се Македонија и Србија, заинтересирани се за приклучување кон ТАНАП, со што би обезбедиле диверзификација во снабдување со природен гас...

За неполн месец почна градбата на уште еден трансконтинентален гасовод.Повторно во Турција , низ која минуваат најголемите гасоводни линии кон во наредните децении ќе ја снабдуваат Европа со природен гас. Во провинцијата Карс свечено е поставен камен темелникот на ТАНАП- Трансанадолскиот гасовод. Станува збор за заеднички проект на Турција и Азербејџан, кој минува преку Грузија и Турција до границата со Грција.
„ТАНАП има особено значење. Има своја траса и своја цел. Не е алтернативен проект на другите,ниту пак има алтернатива за него“, изјави Реџеп Таип Ердоган –претседател на Турција.
ТАНАП годишно ќе транспортира 16 милијарди кубни метри природен гас од полето Шах дениз во азербејџанскиот дел на Каспиското езеро. Кај местото Ипсала гасоводот ќе се дели на два крака. Едниот ќе води кон север, ќе минува низ Бугарија и Романија, а вториот преку Грција и Албанија ќе продолжува под Јадранското море кон Италија.
Балканските земји, пред се Македонија и Србија, заинтересирани се за приклучување кон ТАНАП, со што би обезбедиле диверзификација во снабдување со природен гас.
Проектот ТАНАП се проценува на 10 до 11 милијарди долари и треба да биде завршен до крајот на 2018-та. Го поддржуваат и Хрватска, Црна гора и БИХ кои лобираат за градба на посебен крак преку Албанија.
Свето Николовски
