ФК Пелистер се жали на судењето
Во соопштението се вели дека главната причина за поразите во пролетниот дел од шампионатот Фудбалскиот клуб „Пелистер“ ќе ја бара во своите редови.

На клупско фудбалско ниво, реакција на Пелистер за судењето во пролетниот дел од Првата лига. Битолчани се незадоволни од третманот којшто го имаат кај арбитрите. Во соопштението се вели дека главната причина за поразите во пролетниот дел од шампионатот Фудбалскиот клуб „Пелистер“ ќе ја бара во своите редови.
„Три пролетни натпревари Пелистер е трн в око кај делителите на правдата кои во наведените случаи донесуваат одлуки на штета на нашиот клуб. Апострофираме дека критериумот на судиите не е изедначен и постојат видео снимки од ситуации во коишто за краток временски интервал судиите користат два различни аршина за донесување на одлуките. Сметаме дека со тоа се прави опасен исклучок, којшто директно влијае на резултатот, на табелата и на клубските цели. Подготвени сме да ги анализираме повторно тие ситуации и да алудираме на поголема професионалност и воедначеност при одлуките. Сепак, иднината на цел еден проект, на еден клуб и на еден град зависи од тие мали, а сепак, големи детали“, пишува во соопштението на Фудбалскиот клуб „Пелистер“.
