Уште 4 тима за куп трофејот
На арената Филип втори Работнички ќе ја пречека Ренова која во четврфиналето го елиминира фаворизираниот Вардра и идентично како и Работнички е во одлична серија во продолжението на шампионатот...

Стратува полуфиналната фаза од фудбалскиот куп на Македонија.Актуелниот бранител на трофејот екипата на Работнички на патот до 5-тото финале ќе се сретне со куп победникот од 2012-тата Ренова,додека во второто полуфинале екипата што последните сезони се специјализира за натпреварите во купот Тетекс на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари ќе го пречека составот на Турново. Прокован за дното на прволигашката табела Тетекс ќе се обиде да обезбеди излез на меѓународната сцена преку купот,повикувајќи се на традицијата кога и од втората лига успеваше да се избори за трофејот.
На арената Филип втори Работнички ќе ја пречека Ренова која во четврфиналето го елиминира фаворизираниот Вардра и идентично како и Работнички е во одлична серија во продолжението на шампионатот. На трите пролетни средби гипсарите славеа над Металург,Брегалница и Тетекс, но во иста серија е и Работнички со 2-та триумфа над Турново и гостинскиот над Пелистер.
Натпреварот Работнички -Ренова што ќе почне во 14 часот македонската телевизија ќе го пренесува на собранискиот сервис.
