Фондот за иновации ќе ги презентира можностите за финансирање

18.03.2015 09:28

Јавниот повик е отворен до 18 април, а е наменет за микро, мали и средни претпријатија...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе ги презентира процедурите за аплицирање на отворениот повик за финансирање преку инструментот Ко-финансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.

Јавниот повик е отворен до 18 април, а е наменет за микро, мали и средни претпријатија со цел да се поттикне иновативноста и импементацијата на иновативни решенија.

За овој повик обезбедени се средства во износ од 600. 000 евра.