Партијата на Нетанјаху прогласи победа на изборите во Израел

18.03.2015 09:36

Нетанјаху соопшти дека „Ликуд“ е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори во земјата, повикувајќи ги сите десничарски политичари да создадат коалициска влада без одложување...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека неговата партија „Ликуд“ е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори во земјата, повикувајќи ги сите десничарски политичари да создадат коалициска влада без одложување.

Сепак, според првичните резултати направени според излезноста на гласачите нема јасен победник на изборите во Израел. Избирачките места беа затворени во 22 часот по локално време, а веќе околу полноќ, стана јасно дека двете главни партии, владеачкиот „Ликуд“, на премиерот Бенјамин Нетанијаху и центролевичарската „Ционистичка Унија“, создадена од Лабуристичката партија на Јицак Херцог и партијата Хатнуа на Ципи Ливни, се во „мртва трка“ за тоа кој ќе обезбеди најмногу пратенички места во израелскиот Кнесет.

Според предвидувањата на изралските телевизиски Канал 1 и Канал 10, двата блока на десницата и на левицата, ќе имаат по 27 пратеници, додека израелскиот Канал 2, прогнозира „Ликуд“  да освои 28 пратенички места, само едно повеќе од „Ционистичката унија“ на Херцог и Ливни.