Дебата за заштита на животната средина

18.03.2015 09:53

Целта на средбата е да се развие дијалог со граѓанскиот сектор во правец на подобрување на состојбата со животната средина во Македонија...

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира дебата со граѓанските здруженија за предизвиците и активностите за заштита на животната средина.

Целта на средбата е да се развие дијалог со граѓанскиот сектор во правец на подобрување на состојбата со животната средина во Македонија.

На настанот најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.