Шест години од несреќата кај Блаце
Се одбележува шестгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа, во која кај катлановско Блаце загинаа 11 македонски мировници. Пред спомен обележјето во касарната „ Страшо Пинџур“ во Петровец, почит оддадоа делегации на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, семејствата на загинатите и нивните колеги од воздухопловната бригада.транспортниот хеликоптер, МИ-17 се урна на 12-ти јануари 2008-та, на враќање од Сараево, каде што македонските војници учествуваа во европската мисија АЛТЕА.
Се одбележува шестгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа, во која кај катлановско Блаце загинаа 11 македонски мировници. Пред спомен обележјето во касарната „ Страшо Пинџур“ во Петровец, почит оддадоа делегации на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, семејствата на загинатите и нивните колеги од воздухопловната бригада.транспортниот хеликоптер, МИ-17 се урна на 12-ти јануари 2008-та, на враќање од Сараево, каде што македонските војници учествуваа во европската мисија АЛТЕА. Обвинителството, по неколку години истражување, и врз основа на независната експертиза на Британецот Едвард Пули ја затвори истрагата, без да покрене кривична одговорност. Во конечниот извештај, обелоденет од тогашниот јавен обвинител Шврговски стоеше дека, и покрај многубројните посочени пропусти на армијата и на контролата на летање, необученоста на пилотите за летање во лоши временски услови била главната причина за несреќата.
Милчо Велески
