Трската од Моноспитовското блато- потенцијал за обновлив енергенс
Македонското еколошко друштво подготвува студија за искористување на овој обновлив извор на енергија. По искуството на европските држави, пред се, од Грција и Албанија, предлагаат создавање брикети за огрев од трската и од дрвени отпадоци...
Да се искористи трската од Моноспитовско блато за огрев. Македонското еколошко друштво подготвува студија за искористување на овој обновлив извор на енергија. По искуството на европските држави, пред се, од Грција и Албанија, предлагаат создавање брикети за огрев од трската и од дрвени отпадоци. Освен што е евтин материјал, оваа енергија е еколошки чиста, велат од друштвото.
„Пилевината од многу дрвопреработувачки погони се фрла, ако почне да се користи, искористливоста е веќе добиена. Конторолата ќе биде преку планови со управување со трска, изготвен од Минситерството за животна средина, или независна консултанстка куќа“, изјави Ѓорги Иванов- Македонско еколошко друштвото.
Со правилно искористување и план на сеча, трската која во одреден дел претставува проблем, и намерно и контролирано била горена, сега може да им донесе економски бенефит на жителите на Моноспитово и околните села. Локалните власт велчат дека интересот е голем.
„Можностите, како еден енергенс, кој не им е познат на локалното население. Потребен им е особено во овие места каде интензивно се работи на земјоделски раноградинарски производи“, вели Љупчо Колев- градоначалник на Босилово.
Неконтролираното сечење на трската и нејзина узурпација за прошорување на обработливите површини на земјоделците го намали обемот на блатото, алармираат еколозите. Според нив, поплавите, од овој аспект, се добродојдени, зашто блатото си го враќа она што му е на сила земено.
Моноспитовското блато е единствено во Македонија, богато со ендемични видови растенија и птици и воопшто специфичен еко систем.
Катерина Давчева
