Брајови машини од државата за децата со оштетен вид

18.03.2015 13:13

Набавени се машини со браева азбука, кои ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика...

Решен е деценискиот проблем во специјалното училиште за слепи лица, и лица со оштетен вид. Набавени се машини со браева азбука, кои ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика.

Овие машини ќе бидат ставени во фунција за потребите на овие деца. Сите деца кои престојуваат во Дневниот центар за деца со оштетен вид и кои учат во училиштето, а немаат брајови машини за пишување во своите домови, ќе моќат да ги носат дома со цел да можат да ја совладаат техниката на пишување со брајово писмо и во домашни услови. Останатиот дел од машините ќе бидат на располагање на овој Дневен центар и на училиштето, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Директорот на училиштето, Горанчо Јакимов, посочи дека со оваа донација од 30 брајови машини се решава еден децениски проблем со кој се соочувало училиштето.

Ова е историски ден за нашето училиште бидејќи конечно се решава тој децениски проблем со кој ние се соочувавме, односно недостаток од брајови машини. Брајовата машина е основно помагало со кое се служат учениците со оштетен вид, бидејќи таа случи за описменување и децата ја користат во текот на целиот воспитно-образовен процес, истакна Јакимов.