Цената на нефтата на најниско ниво од март 2009-та
Проценките на американските институции говорат дека резервите на нафта во САД се зголемени за повеќе од 10 милиони барели, што е практично потврда на трендот од последниве 10 недели...

Цената на нафтата продолжува да опаѓа. Во пресрет на објавувањето на редовниот извештај за резервите на американската економија, црното злато е на најниско ниво од март 2009-та.
На Њујоршката берза, нафтата од типот „Западен Тексас“, за испорака за месец април се продава за 42,17 долари за барел, додека најквалитетната од типот „Брент“, поевтини за 2,25 проценти.
Проценките на американските институции говорат дека резервите на нафта во САД се зголемени за повеќе од 10 милиони барели, што е практично потврда на трендот од последниве 10 недели.
Берзите внимателно ги следат и случувањата поврзани со разговорите за иранската нуклеарна програма. Азиските берзи проценуваат дека евентуалниот договор може да ја симне цената на нафтата, под 40 долари за барел.
