Пешачки натпатник ќе ги поврзува населбите Хиподром и Маџари

18.03.2015 13:59

Инвестицијата е на градот Скопје, а изведувач е фирмата Бауер...

За 9 месеци ќе биде изграден пешачкиот натпатник, кој ги поврзува населбите Хиподром и Маџари. Инвестицијата е на градот Скопје, а изведувач е фирмата Бауер.

Целта на овој проект е да се овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот, кое сега е оневозможено. Изградбата на овој натпатник е од исклучително значење за жителите на овие места зашто оваа локација со години претставува црна сообраќајна точка на автопатот кон Петровец, со многу сообраќајни несреќи. Градот Скопје на оваа локација сега ќе изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на општината Гази Баба, Трајковски, изрази благодарност за овој важен проект и ја истакна добрата соработка со Градот Скопје.