Луфтханза откажа 750 летови поради штрајк на пилотите
18.03.2015 14:02
Германската компанија сака да ги намали трошоците и да ги зголеми буџетските операции, но, не се прифатени од нивните пилоти...

Отпорот на пилотите на германската авикомпанија Луфтханза кон новата организација на работа и недоволно бенефиции за пензионирање резултираше со штрајк поради кој се откажани 750 летови.
Тоа е повеќе од половина од предвидените 1.400 летови што директно погодува 80.000 патници. Германската компанија сака да ги намали трошоците и да ги зголеми буџетските операции, но, не се прифатени од нивните пилоти.
Тие штрајкуваат по втор пат годинава и е 11 по ред протест поврзан со спорот околу бенефициите за пензионирање.
