Хаос во Франкфурт: Во протестите преку стотина повредени и уапсени

18.03.2015 14:06

Запалени се 7 полициски автомобили. Полицијата интервенирала со водени топови за да ги растера демонстрантите. Уапсени се 5 лица, преку 500 се приведени на испитување...

На улиците на Франкфурт утрото гореле автомобили, канти за ѓубре и автомобилски гуми. На протестите против капитализмот повредени се најмалку 88 полицајци од кои 8 се погодени со камен по глава. Причина за масовното протестирање  е отворањето на зградата на Европската централна банка  којашто заедно со ЕУ и ММФ ја обвинуваат за европската криза.

Запалени се 7 полициски автомобили. Полицијата интервенирала со водени топови за да ги растера демонстрантите. Уапсени се 5 лица, преку 500 се приведени на испитување. На плоштадот Ремерберг во Франкфурт се очекуваат преку 10.000 демонстранти од цела Германија како и од други земји кои се против мерките за штедење што ги протежира оваа европска институција.

Причина за масовното протестирање  е отворањето на зградата на Европската централна банка  која што заедно со ЕУ и ММФ ја обвинуваат за европската криза. Полицијата ја гаѓале со камења и молотови коктели, а таа возвраќала  со солзавец. Новата зграда на Европската централна банка  вредна 1,3 милијарди евра била заштитена со бодликава жица  со цел да се овозможи нејзиното промовирање.