ЕУ: Враќање на политичкиот дијалог и институционална разврска на случајот „Пуч“

18.03.2015 14:31

Се работи за Вајгл, Ховит и Кукан, кои би требало да создадат амбиент на разговор меѓу двете парламентарни групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ...

Европската унија бара и очекува брза интервенција за враќање на политичкиот дијалог во Македонија, додека сите настани околу случајот „Пуч“ се следат на дневна основа и се очекува правна и институционална разврска. Ова се пораките на новиот генерален секретар на европската служба за надворешни работи Ален Ле Роа, по средбата со вицепремиерот Фармир Бесими во Брисел, каде се разговарало за групата европратеници.

„Се работи за Вајгл, Ховит и Кукан, кои би требало да создадат амбиент на разговор меѓу двете парламентарни групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Вториот аспект е дека целиот случај мора да има институционална и правна разрешница со целосно почитување на правото, со независно судство, еден кредибилен и транспарентен процес. И тука покажаа спремност доколку се има потреба да дадат свои експерти“, изјави за МТВ, вицепремиерот Бесими.