Спасов: Социјалната помош годинава ќе се зголеми за 10%
Тоа е дополнително значително зголемување или за околу 12 месеци овие наши сограѓани, околу 30.000 приматели на социјална парична помош и околу 5.300 приматели на постојана парична помош, ќе добијат значително поголем износ на средства, изјави ресорниот министер...

За три месеци социјалната парична помош во земјава ќе се зголеми за 10%, најави ресорниот министер Диме Спасов.
„Да започне со исплата во јули годинава. Тоа е дополнително значително зголемување или за околу 12 месеци овие наши сограѓани, околу 30.000 приматели на социјална парична помош и околу 5.300 приматели на постојана парична помош, ќе добијат значително поголем износ на средства, односно за 12 месеци околу 145 милиони денари ќе бидат одвоени дополнително за зголемување на ова право“, нагласи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Спасов најави дека и Владата и министерството и натаму ќе продолжат со реализација на низа проекти кои ќе значат поголема финансиска поддршка на најранливата категорија на граѓани.
