На 3 февруари Македонија ќе ги добие противниците во квалификациите за ЕП 2015

10.01.2014 15:31

Машката кошаркарската репрезентација ...

Машката кошаркарската репрезентација на Македонија, која директно се пласираше на ЕП во Словенија 2013, ќе биде повторно вклучена во квалификациски циклус. Нашиот сениорски националет тим предводен од новиот селектор Александар Џикиќ, противниците во квалификациите за ЕП во Украина 2015-та, ќе ги добие на ждрепката предвидена за 3 февруари во Барселона, што ќе биде вовед во извлекување на двојките за СП во Шпанија оваа година.

Има 16 слободни места за  Евро-Шампионатот во Украина, а покрај Македонија ќе конкурираат уште 28 национални состави. Оваа бројка може да биде намалена доколку некоја од репрезентациите до први февруари добие вајлд-кард за СП.

Директен пласман на ЕП во Украина покрај домаќинот и актуелниот првак Франција, имаат обезбедено и Литванија, Естонија, Хрватска, Словенија и Србија.