Нема заболени од туларемија во Велес, здравствените власти апелираат да се внимава на хигиената
Најзагрозени од туларемијата се земјоделците и фармерите. Во Велес нема случаи на заболени од оваа болест,но,мерките за претпазливост се на највисоко ниво...
Во Велес нема забоилено лице од туларемија. Ова денеска го потврдија надлежните од Центарот за јавно здравје. Од таму велат место за паника нема се превземаат соодветни мерки за спречување на можно ширење на болеста.
„Состојбата е под контрола, само ќе апелирам до населението да си обрне повеќе внимание на хигиената, да се внимава и да се минимилизира секоја можност на пристап на глувците до храна“, изјави Флорентина Ристовска Шурбевска, директор на Центар за јавно здравство Велес.
Земјоделците и фармерите се најзагрозени за заболување од болеста која ја преснесуваат глодарите. Доколку забележат сомнителен случај веднаш треба да пријават кај надлежните.
„Ние ќе бидеме спремни во секој случај, на повик на странката испаѓаме одма на терен“, изјави Димче Димитриевски, ветеринарна станица.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат фармерите да извршат дератизација на просториите, но и на приборот со кој се храни добитокот.
„Да се заштити онаа храна која се однесува за исхрана на животните за да се заштити здравјето на животните“, изјави Зоран Поповски, директор на АХВ.
Бројот на заболени лица од туларемија од ден на ден расте. Причините за појавата на болеста се обилните дождови.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги задолжи општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во градовите, со посебен фокус на: Гостивар, Тетово, Берово, Велес, Свети Николе и Струмица.
Дијана Иванова