Шеќерната болест зема замав и кај најмладите
35 илјади македонци се на инсулинска терапија, од нив, дури 350 се деца. Шеќерната болест се повеќе ја демне младата популација. Надлежните со апел – редовни прегледи за рано откривање за дијабетесот...

По десет дечиња годишно заболуваат од дијабетес, 350 веќе се на инсулинска терапија. Шеќерната болест зема замав и кај најмладите. Редовна контрола и навремена терапија кај сите граѓани е целта на Националната комисија за дијабетес која функционира веќе еден месец.
„Она што посебно не радува кај детскиот дијабетес е достапноста на инсулинските пумпи кај децата. Почнавме да ги поставуваме кај децата кои се најмали и кои имаат индикација за ставање инсулин. Во минатиот месец шест дечиња добија инсулинска пумпа“, изјави д-р Мирјана Кочова- Детска клиника.
Надлежните тврдат дека во Македонија има бесплатна и најсовремена терапија, како во развиентите земји. Неколку кратно е зголемен бројот на ленти за мерење гликемија.
„Порано пациентите добиваа четири ленти во текот на месецот, а сега добиваат 30 ленти. Додека пак лицата со Дијабетес тип 1 добиваат уште поголем број бесплатн ленти, односно добиваат 125 ленти месечно“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
„Македонија по сите параметри е земја која што одлично се грижи за дијабетесот. Има превенција или скрининг на сите трудници за дијабетес, имаме насоки за правилна исхрана, прекин на пушењето“, смета д-р Татјана Миленковиќ- Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на РМ.
Статистиката вели дека во моментов кај нас 35 илјади граѓани имаат проблем со шеќерот и примаат инсулин.
Андријана Атанасовска
