Борусија - Јувентус елитна класика
Главната асоцијација за деветиот меѓусебен натпревар е славното елитно финале од 1997-та во Минхен кога Борусија славеше со 3:1, но во Дортмунд, Јуве триумфираше на трите меча...

Потребна ни е победа против италијанска екипа на којашто и е доволно и нерешено, тоа е најголем предизвик во фудбалот, изјавата на домашниот тренер Клоп најдобро го најавува реванш осминафиналниот дуел меѓу Борусија и Јувентус. Иако италијанскиот првак од Торино донесе 2:1, Алегри смета дека за успех ќе им биде потребен технички перфектен натпревар иако ќе играат без главниот креатор, Пирло. Нема да настапат ниту Асамоа и Касерес, па гостинскиот стратег има дилема дали да игра со тројца или четворица во последниот одбранбен ред. Борусија ќе биде хендикапирани поради отсуството на Гроскројц и на Пишчек, додека неизвесен е Шахин.
Главната асоцијација за деветиот меѓусебен натпревар е славното елитно финале од 1997-та во Минхен кога Борусија славеше со 3:1, но во Дортмунд, Јуве триумфираше на трите меча.
За разлика од домашното првенство, сезонава Борусија е поинаква екипа во Лигата на шампионите во којашто на последните 14 натпревари на Вестфален има 11 победи. Во 14-те нокаут дуели, Борусија осумпати минала иако загубила на првиот меч.
Убедливо позитивна е и статистиката на „старата дама“ којашто биле успешна во 31 од 39 пресметки кога победувала на првиот натпревар, но сега гостувањата се нејзин најголем проблем, затоа што загуби на пет од последните шест. Преносот од дуелот Борусија - Јувентус ќе биде на МРТ1 во 20.45.
Во другото осминафинале, сите бројки се на страната на Барселона којашто во дуелот со Сити ќе влезе со манчестерската победа од 2:1. Барса славеше во трите меѓусебни дуели со гол разлика 6:2 и секогаш со играч повеќе, пред три недели беше ислучен Клиши.
Каталонците се во серија од 16 победи на 17 меча и на прагот на рекордното осмо четвртфинале по ред. Граѓаните се последната англиска четвртфинална надеж, но на гостувањата во Шпанија има само една победа и четири порази. Ливерпул пред 27 години е последниот англиски тим којшто се радувал на Камп Ноу. Добро за Манчестер Сити е враќањето на Јаја Туре по трите меча суспензија, додека кај Барселона неисвесно е само дали ќе игра Бускетс.
