Југохром со несериозен пристап за еко- дозвола
Месец ипол пред истекот на рокот за инсталирање филтри, не доставиле ниту еден изведбен проект – тврди министерот Изаири...

Југохром Јегуновце на тапет.За граѓаните горлив еколошки проблем, за власта компанија со несериозен пристап во исполнување на еколошките проблеми. Месец ипол пред истекот на рокот за инсталирање филтри, не доставиле ниту еден изведбен проект – тврди министерот Изаири.
„Првите шест месеци требаа да почнат со бетонската конструкција и да има набавка на филтрите, а за четири ипол месеци тие не доставија до нас ниту еден изведбен проект. Не сум сигурен дека ќе бидат казнети, не така како што заслужуваат“, вели Нурхан Изаири, министер за животна средина.
Комбинатот со која мака мачат Тетовчани, може да заработи глоба и од 100 илјади евра, дополнителни до 13 илјади за одговорното лице. Во тек е судска процедура за непочитување на законските обврски. Роковите да се почитуваат, работењето на индустријата е под лупа- порачуваат еколошките власти. До 20-ти март ќе се тестираат поставените филтри на Макстил, стартот бил одложен поради ниските температури.
Индустријата, домаќинствата и сообраќајот – ова се еколошките горливи проблеми во државава. Со децении бараат сериозен пристап и ангажман, конструкитвен дијалог меѓу централната и локалната власт.
И отпадот е мегу најголемите проблеми. Додека процесот на циркуларна економија отвора на поливина милијарда работни места во светот, кај нас се рециклира само 37 насто.
Сузана Фиданска- Стоевска
