Франкфукт во пламен: Протести против политиката на штедење

18.03.2015 17:52

Пред седиштето на Европската Централна Банка во Франкфурт денеска беснееја судири меѓу демострантите од движењето „Блокупај“ и полицијата, при што се повредени повеќе десетици луѓе и полицијаци, запалени се повеќе полициски возила а најмалку 500 луѓе се приведени. Левичарските активисти денеска го запалија Франкфукт противејќи се на владините мерки за штедење, што ги споведуваат европските финасиски институции...

Официјалното отворање на новото седиште на Европската Централна банка, измина во  сенка на насилните демострации во Франкфурт. Првиот човек Марио Драги, ја пресече лентата во стаклената кула висока 183 метри за којшто се потрошени 1,3 милијарди евра, притоа заблагодраувајќи им се на безбесноните сили кои не дозволија уличните  нереди да ескалираат пред вратата на новата зграда. Повод на портестите на движењето „Блокупај“ беше отворањето на новата стаклена кула на банката, којашто ја сметаат за најодговорна за економската криза во Европа.

„Дојдовме да им кажеме на големците- банкарите дека сме портив нивната политика на штедење“, вели демонстрант.

И покрај тоа што властите се подготвуваа за најавените протести, состојбата сепак излезе од контрола. Безбедносните служби биле принудени да употребат водени топови и солзавец, бидејќи демострантите во еден момнет со молотови кокетли палеа се пред себе, фрлаа камења врз полицајците, палеа канти за ѓубре, а не беа поштедени ниту десетина полициски автомобили. Очевици на насилните демострации, со загриженост се прашаа кој стои зад сето ова.   

„Требаше да бидат мирни протести. Од вакво дивеење никој ќе нема корист“, изјави граѓанин на Франкфурт.    

„Живеам во близина на новата зграда на банката, ова што го видов, беше како да си на воен фронт“, додава друг граѓанин.

Германските медиуми за меѓународното движење „Блокупај“ напишаа дека е Сојуз на лево орентирани портивници на капитализмот и дека преставува подгрупа на глобалното движење „Окупирај го Волт Стрит“ од 2011-та година.

Сега „Блокупај“ формира фронт против ЕЦБ, затоа што оваа банка според нив претставува продолжена рака на меѓународните кредитни доверители затоа што  заедно со ММФ и европската влада се дел од политиката на „европската тројка“ кои што ги набљудуваат условите за добивање кредити во финасиски проблематичните  земји.

Мирјана Василева