Најчести дијагнози за боледувања
Малигни тумори,скршеници, ризична бременост, душевни растројства, церебро и кардиоваскуларни болести се најчестите дијагнози за долготрајните боледувања.

Малигни тумори,скршеници, ризична бременост, душевни растројства, церебро и кардиоваскуларни болести се најчестите дијагнози за долготрајните боледувања.
Најчеста причина за долготрајни боледувања кај македонските граѓани во 2013 година се повреди и скршеници. 2 056 осигуреници имале некаква фрактура. Најмногу - речиси една петина од нив се фрактури на потколеницата. Фондот за здравствено осигурување за овие боледувања потрошил над 50 милиони денари. За половина помалку по број биле боледувањата поради малигни тумори. Но за нив се потрошени најмногу пари –над 62 милиона денари.
550 осигуреници користеле долготрајно боледување поради душевни растројста , но, според трошоците на Фондот за боледувања ,тие се на 6 место со 14 милиони денари.
492 трудници биле со ризична бременост и вкупниот надомест за нив е 31 милион денари.
Цереброваскуларните болести се на 4 место на листата на дијагнози за долготрајни боледувања - 365 барања. Веднаш зад нив со 298 барања се исхемичните болести на срцето, а потоа туморите на дојка. 115 пациенти со боледувања се со дијагнозата депресивна епизода.
Во 2013 има повеќе боледувања од 2012 , а пак во 2012 имало помалку барања отколку во 2011 година. Во претходните две години доминирале истите заболувања.
Соња Стојановска
