Јувентус и Барселона во четвртфиналето!
Јувентус го продолжи максималниот ефект на четири победи во Дортмунд против Борусија, овојпат со 3:0. Иако без Пирло, старата дама демонстрираше моќ и тактичка зрелост, а и помогна и немоќниот домаќин којшто не сеоздаде ниту една шанса...

Победите од по 2:1 во првите натпревари им ја олеснија обврската, но Јувентус и Барселоја сепак со дополнителни триумфи го зачинија пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Јувентус го продолжи максималниот ефект на четири победи во Дортмунд против Борусија, овојпат со 3:0. Иако без Пирло, старата дама демонстрираше моќ и тактичка зрелост, а и помогна и немоќниот домаќин којшто не сеоздаде ниту една шанса. Уште во третата минута Тевез го најави славјето на гостите со убавиот погодок. Во второто полувреме, Мората по две промашувања сепак го совлада Вајденфелер за 2:0 во 70-та, а Тевез во 79-та ја круниса блескавата игра на Јуве за најубедливиот триумф во деветте меѓусебни дуели и за одмазда за поразот во финалето во 1997-та година.
И Барса беше подобра од Манчестер Сити, но победи само со 1:0. Са скромниот и минимален триумф, виновни се Меси, Неимар и Суарез кои се изнапромашуваа и погодуваа, ама стативи. Хрватот Ракитиќ го постигна дебитанскиот гол во Лигата на шампионите за вкупни 3.1 за Барса и за рекордно осмо четврфинале по ред. Манчестер Сити пропушти да ги направи интересни последните десетина минути, но Тер Штеген го одбрани пеналот на Агуеро.
Извлекувањето на двојките во четвртфиналето, во коешто има три шпански екипи, Реал, Барселона и Атлетико, две француски ПСЖ и Монако и по една германска – Баерн, италијанска – Јувентус и португалска – Порто, ќе биде в петок.
