Вигенин: Без брзање да ги решиме проблемите

10.01.2014 15:51

Да не предупреди, но и да ни даде поддршка. Бугарскиот шеф на дипломатијата, Кристијан Вигенин при денешната посета во Скопје со две пораки, дека Македонија мора да ги реши отворените прашања за да напредува во евроинтеграцијата, но и дека проширувањето на Унијата зависи и од новиот состав на Европскиот парламент. На моменти скептик, на моменти уверен дека регионот ќе напредува. Вигенин на предавањето во Скопје со сигурност рече само дека неговата земја ја поддржува нашата.

„ Се обидуваме со конкретни чекори да покажеме дека има желба од двете страни да се решаваат проблемите. Разговорите се важни, дијалогот е многу важен и тој треба да почне да дава конкретни резултати и се надевам дека за многу брзо време ќе може да ги покажеме тие резултати и да бидат оценети како позитивни. Постепено, без да се ограничуваме со конкретни рокови и без да брзаме “, истакна гостинот од Бугарија.

Отворениот дијалог што се води меѓу двете земји, за министерот Попоски е доволен знак дека работите се правилно поставени. Не сакаше многу да зборува за договорот за добрососедство оти со бугарскиот гостин се фокусирале повеќе на конкретни проекти.

„ Значаен напредок е тоа што имаме отворена комуникација и да дискутираме за оние теми за кои постои определено различно размислување.  Но мислам дека е многу значајно тоа што сме отворени и се обидуваме да имаме решенија со кои ќе бидат задоволни двете страни “, истакна Попоски.

Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе се решава чекор по чекор, без рокови и ограничувања. Она за што двајцата министри си поставиле конкретни датуми во агендата се организација на бизнис форум, реализација на мешовитиот комитет за економска соработка, потпишување меморандум за размена на простор за амбасади како и заеднички настап за привлекување европски фондови. Вигенин во текот на денот оствари средби и со претседателот на собранието и со премиерот Груевски.

Катерина Топалова