Груевски во Брисел на самит на Европската народна партија

19.03.2015 11:06

Премиерот Груевски во Брисел ќе оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол...

Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија (ЕПП). На самитот учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, како и германската канцеларка Ангела Меркел.

Груевски во Брисел ќе оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол. Се очекува Груевски и Дол да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.