„Џумајлија“ може да се продаде на најмногу четири компании

19.03.2015 13:17

Земјиштето на комбинатот „Џумајлија“ во зависност од интересот на инвеститорите ќе се дава на една или на најмногу четри комании. Закупецот ќе се знае по спроведувањето на електронската аукција...

Се бара еден или повеќе закупувачи на земјоделското земјиште на Џумајлија.

Дали сите 4.500 хектари ќе се огласат како целина или на делови зависи од интересот на компаниите.

Површините се во 14 катастарски општини, групирани во 4 целини од 1.000 до 1.200 хектари.

Компаниите треба да достават бизнис план , опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и планираниот број на вработени по години.

Цената на закупнината ќе се одреди со електронско наддавање.

 

Методија Трајков