Презентиран извештајот за следење на ризиците од корупција и организиран криминал
Претставени и три пократки документи за јавни политики посветени на студии на случај со корупција и криминал...
Македонскиот центар за меѓународна соработка го презентира извештајот за следење на ризиците од корупција и организиран криминал во државава. Претставени и три пократки документи за јавни политики посветени на студии на случај со корупција и криминал.
Како што нагласи Емилија Туџаровска-Ѓорѓиевска, проект координатор во МЦМС, корупцијата во Македонија од страна на граѓаните е класифицирана на 5 место, а криминалот на 7 место како проблем во државата, додека на прво и второ место според перцепцијата на граѓаните се невработеноста и сиромаштијата. Македонија во однос на организираниот криминал е рангирана на 98-то место од вкупно 148 земји од Глобалниот извештај за конкурентност на светскиот економски форум за 2013-2014 година, со вредност од 4,6, од вкупно 7 децимали.