Утре почнува пролетта, Месечината ќе го затемни Сонцето

19.03.2015 13:54

Затемнувањето во Скопје според Астрономското друштво ќе почне утре во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10 и 45, а ќе заврши 4 минути пред 12 часот...

Утре почнува пролетта, а според најавите од астрономите ќе се случи и затемнување на сонцето. Во Европа затемнувањето ќе биде делумно, а на Фарските и Савалските острови ќе биде целосно.

Затемнувањето во Скопје според Астрономското друштво ќе почне утре во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10 и 45, а ќе заврши 4 минути пред 12 часот.

За време на затемнувањето ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на сонцето. Граѓаните ќе може да го гледаат затемнувањето и од Плоштадот „Македонија“.

Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше регистриран на 4-ти јануари 2011, а следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува во јуни 2020-тата година.