Интер некомплетен во лов на „волците“
Иако неро-аѕурите поведоа на крајот „волците“ се радуваа на 3-1 и во вечерашниот реванш влегуваат со поголеми шанси за пласман во четвртфиналето. И формата на Интер не ветува многу по четирите натпревари без триумф и последното првенствено разочарување дома...

Осминафиналниот двобој Интер-Волфсбург го доби епитетот дерби по осминфиналниот ждреб во Уефа ЛЕ. Но, првиот меч во Германија, покажа дека Интер е сепак далеку од старата слава а Волсбург екипа која во моментов изгледа поквалитетно.
Иако неро-аѕурите поведоа на крајот „волците“ се радуваа на 3-1 и во вечерашниот реванш влегуваат со поголеми шанси за пласман во четвртфиналето. И формата на Интер не ветува многу по четирите натпревари без триумф и последното првенствено разочарување дома со реми против просечната Чезена. Волсбург ја потврди добрата форма и беше убедлив со Фрајбург, па оптимистички ја очекува одбраната на предноста.
Самодовербата е на високо ниво и поради фактот што Германците оваа сезона само два пати од Евертон, се поразени со повеќе од еден гол разлика. За навивачите на италијанскиот состав надежта не умира зашто на гостувањето пред седум дена имаа шанса и за подобар исход, а во богатата европоска историјата од 388 натпревари и три трофеи во ова конкуренција знаеле да прослават неколку сензационални победнички враќања во реваншите.
„Јас сум секогаш оптимист.Мора да бркаме пробив натаму но потребна ни е голема ноќ во која треба да бидеме мудри и смирени зашто головите може да дојдат во секој момент. За 90 минути може да се случи се и јас верувам во овој тим“, размислува позитивно пред реваншот тренерот на Интер, Роберто Манчини, кој ќе го нема 100 отсто фит во офанзивата повредениот Џердан Шакири. Брозовиќ и Подолски немаат право на настап а повредени се дефанзивците Додо, Нагатомо и Џонатан.
Стратегот на Волфсбург, Дитер Хекинг, во составот поради жолти картони ќе го нема стандардниот бразилски стопер Нандо. „ Предноста на Интер е искуството во европски дуели. Не смееме да влеземе во мечот размислувајки само како да ја сочуваме предноста, зашто тоа може да ни создаде проблеми“, предупредува предводникот на бундеслигашот.
Реванш осминафиналниот двобој од Лига Европа, Интер – Волфсбург на прва во редовниот термин 21.05 часот.
