Од туларемија заболени 13 лица- водата во Каратманово не е извор на заразата
д Државниот санитарен и здравствен инспекторат излегоа со препораки, со кои се задолжуваат општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во неколку градови, а Агенцијата за храна и ветеринарство ги задолжи производителите да ја соберат жетвата од полињата...

Од туларемија досега се заболени 13 лица. Иако појавата на болеста се поврзуваше со неодамнешните поплави ситуацијата на теренот го покажува токму спротивното. Заболените главно се од Каратманово, од скопско Арачиново и од регионот на Свети Николе, каде што немаше поплави.
Водата во Каратманово не е извор на заразата. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат излегоа со препораки, со кои се задолжуваат општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во неколку градови, а Агенцијата за храна и ветеринарство ги задолжи производителите да ја соберат жетвата од полињата, имајќи предвид дека од неа се хранат глодачите, и веднаш да изврши хлорирање на сите приватни селски водоводи.
Според најавите, денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести. Не се исклучува можноста од прогласување епидемија во подрачјата каде што има заболени. Во Велес нема регистрирано ниту еден случај на заболен.
