Нова опрема во јавното здравство

10.01.2014 15:59

Апарати за компјутерска томографија, акцелератори, ангиограф, мамограф, дигитален рентген апарат ќе добијат јавните здравствени установи. Наредната година пациентите ќе ја користат новата опрема. Апаратите ќе овозможат брза, точна точна дијагностика, како и поголем квалитет во лекувањето. Клиниката за неврологија, Клиника за детски болести, како и болницата Св. Еразмо од Охрид за прв пат ќе добијат компјутерски томограф, Општата болница во Тетово ќе добие мамограф, а Болницата 8-ми Септември во Скопје акцелератор.