Шест нови случаи- епидемија на туларемија во Лозово

19.03.2015 17:02

Комисијата за заразни болести попладнево одржа состанок. Побарано е од Центарот за јавно здравје Велес да прогласи епидемија...

Шест нови потврдени случаи на туларемија. Вкупниот број на заразени се искачи на 19. Комисијата за заразни болести попладнево одржа состанок. Побарано е од Центарот за јавно здравје Велес да прогласи епидемија.

Новите шест случаи три се од општина Лозово, два од село Каратманово и еден од село Лозово, а три се од село Грушино, општина Арачиново и од кумановското село Опае, кое е ново жариште,  изјави попладневно Јованка Костовска, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржаната седница на Комисијата.

Комисијата донесе препораки веднаш на водоснабдителните објекти или каптажите на овие засегнати места заедно со локалната самоуправа да се изврши нивно чистење, како и чистење на санитарните зони околу нив и отстранување на се што е непотребно - евентуално појава на глодари, умрени животни, рече Костовска.