Груевски на Самитот на ЕПП: Mожност да се соопшти вистината за случувањата во Македонија
Европската десница е запознаена за политичката состојба во земјава. Лидерот на Европската народна партија, Жозеф Дол презел обврска одблиску да го следи случајот и да помогне ако е неопходно. Премиерот Груевски на Самитот на ЕПП во Брисел, на кој учествуваaт германската канцеларка Меркел и други европски лидери...

Предмалку заврши самитот на Европските народни партии во Брисел. На маргините на самитот, премиерот и претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, оствари значајни средби со претседателите на најголемата политичка групација во Европа и лично ги запозна со актуелната ситуација во Република Македонија.
„На маргините на Самитот, имав можност да поразговарам со неколкумина и да ги пренесам информациите од Македонија и она што се случува, она што е вистината и нашите очекувања и намери за понатаму. Беше корисно да се биде тука, не само да се следат европските текови и случувања во врска со покрупните проблеми во Европа, туку и да се искористи можноста да се промовира нашата држава, да се испратат пораки, информации и да се кажат детали што тука не ги знаат и не ги примиле како информации, а со цел да се расчистат работите“, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Непосредно пред почетокот на Самитот, премиерот оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, кој даде силна поддршка на Република Македонија и изрази очекување за враќање на македонската опозиција во Собранието.
Дол презел обврска и понатаму да го следи одблиску случајот, да се информира и доколку е потребно и лично да помогне во иднина- информираше премиерот.
Инаку денешниот самит преставува подготвка на самитот на европските лидери кој започнува вечерва во Брисел, на кој теми се енергетската унија, Украина и финасиската и политичка ситуација во Грција.
На Самитот присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателите на Европкската Комисија и Совет, Жан- Клод Јункер и Доналд Туск.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
