поранешниот израелски премиер

Ариел Шарон, кој е во кома од 2006та, на работ на смртта

10.01.2014 16:06

Израел

Состојбата на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој е во кома од 2006, е значително влошена. Според претставници на болницата, 85-годишниот лидер e на работ на смртта, а здравјето нагло му се влошило во изминатите неколку часа. На шарон, кој стана премиер во 2001, му откажале неколку клучни органи.

САД

Израел

Состојбата на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој е во кома од 2006, е значително влошена. Според претставници на болницата, 85-годишниот лидер e на работ на смртта, а здравјето нагло му се влошило во изминатите неколку часа. На шарон, кој стана премиер во 2001, му откажале неколку клучни органи.

САД

Портпаролката на Стејт департментот Џејн Псаки изрази загриженост за се подлабоката криза со која што се соочува Анкара по корупциската афера на министри од Владата на Ердоган. таа нагласи дека по разговорите со сите страни, САД јасно ја поддржуваат желбата на турскиот народ за законски систем кој што  ќе ги исполнува највисоките стандарди на отвореност, навременост и транспарентност. Псаки повтори дека Турција останува клучен сојузник на САД.

Венецуела

Уапсени се 7 лица, од кои четворица во бегство, осомничени за убиството на мисицата на венецуела Моника Спер и нејзиниот поранешен сопруг кои беа застрелани при неуспешен грабеж пред очите на нивната петгодишна ќерка. Полицијата при претрес ја нашла дигиталната камера на мисицата, која ја довела до бандата. Убиството најверојатно го извршило 19-годишно момче, но се уште не е најдено оружјето. Ќерката Маја, која беше ранета во ногата, е во болница во Каракас во стабилна состојба.

Русија

Русија во изминатата година достигна рекордно производство на нафта од 523,2 милиони барели, а производството на гас е зголемено за 2 насто, на 668 милијарди кубни метри. Министерот за енергетика Александар Новак, на средбата со претседателот путин рече дека такви резултати не се прогнозирани од 90-тите години и дека производството забележува нагорен тренд.

Марија Петковска