Атланта поразена во дербито

19.03.2015 18:27

Барнс со 25 поени го предводеше Голден Стејт до труимфот во натпреварот во кој за Атланта Антиќ одигра 20 минути со 3 поени и 5 скока,а потфрли и Милсап кој запиша за него скромни 16 поени...

Дерби дуелот меѓу водечките на истокот и западот во американската професионална кошаркарска лига му припадна на Голден Стејт кој ја совлада Атланта со 114-95 со што вориорси се најуспешната екипа во досегашниот дел од сезоната. Барнс со 25 поени го предводеше Голден Стејт до труимфот во натпреварот во кој за Атланта Антиќ одигра 20 минути со 3 поени и 5 скока,а потфрли и Милсап кој запиша за него скромни 16 поени.Домаќините главно ја искористија предноста на домашниот терен, па Кливленд го победи Бруклин со 117-92.

Филаделфија-Детроит 94-83,Мајами-Портланд 108-104,Торонто-Минесота  105-100,Чикаго –Индијана 103-86,Далас-Орландо 107-102 и Оклахома-Бостон 122-118.Трите гостински победи ги изборија Сан Антонио над Милвоки со 114-103,Клиперси кај Сакраменто со 116-105 и Вашингтон над Јута со 88-84.