Јансруд и Вон со нови кристални глобуси

19.03.2015 18:29

По освоениот мал кристален глобус во спуст,денеска се закити со глобусот и во супервелеслалом откако на последната трка во француски Мерибел го освои второто место зад канаѓанецот Дастин Кук...

„Кралот на брзините“-норвежанецот Кјетил Јансруд ја потврди доминацијата во најбрзите дисциплини во светскиот куп во алпско скијање. По освоениот мал кристален глобус во спуст,денеска се закити со глобусот и во супервелеслалом откако на последната трка во француски Мерибел го освои второто место зад канаѓанецот Дастин Кук,но сосема доволно за севкупен триумф во супервелеслалом со повеќе од 200 поени пред Доминик Парис.Неизвесноста за големиот кристален глобус ќе продолжи до крајот на викендот кога се возат техничките дисциплини, иако сега со предност од само 34 поени во однос на Јансруд,Марсел Хиршер останува главен фаворит за севкупен триумф на крајот на сезоната.

Феноменален супервелеслалом во Мерибел извозе и Линдзи Вон за вториот кристален глобус во сезоната откако триумфира и во спуст.Во психолошки напната трка поради фактот дека има само 8 поени пред Фенингер,Вон извозе победнички време пред Фенингер и Мазе.А токму второ и третопласираната ќе ја продолжат битката за големиот кристален глобус во пресрет на завршните технички дисциплини. Фенингер сега има 1453 поени,Мазе 32 помалку.