Попоски во Виена на Конференција за борба против џихадизмот
20.03.2015 09:45
Попоски на конференцијата учествува на покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Виена ќе учествува на конференцијата посветена на „Борбата против џихадизмот-обликување на политика за превенција и реакција“.
Попоски на конференцијата учествува на покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.
На конференцијата, на која учествуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на ИСИЛ, како и за враќањето во нивните матични земји.
Министерот Попоски на конференцијата ќе ги презентира преземените и планирани активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.
