Министерот Јолевски учествува на Бриселскиот форум
20.03.2015 09:56
Форумот во Брисел кој оваа година го слави својот десетгодишен јубилеј, се истакнува како водечки годишен трансатлантски собир на влијателни државници, интелектуалци и бизнисмени од двете страни на Атлантскот океан...

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, од денеска до 22-ри овој месец ќе учествува на Бриселскиот форум, кој е во организација на на Германскиот Маршалов фонд (ГМФ).
Форумот во Брисел кој оваа година го слави својот десетгодишен јубилеј, се истакнува како водечки годишен трансатлантски собир на влијателни државници, интелектуалци и бизнисмени од двете страни на Атлантскот океан. На овој собир се разменуваат мислења за стратегијата и идните приоритети на соработката меѓу Европа и Северно Американскиот Континент.
На Бриселскиот форум учествуваат лидери од над 50 земји меѓу кои генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, повеќе министри за одбрана и надворешни работи, високи претставници на НАТО и ЕУ, претставници од евроатлантски, невладини и меѓународни организации, како и претставници од тинк-тенк заедницата и од приватниот сектор, соопшти Министерството за одбрана.
