„Есмералда“ вечерва на сцената во МОБ
20.03.2015 10:13
Во улогата на Есмералда ќе настапи примабалерината Александра Мијалкова, додека во улогата на Феб, првенецот Васил Чичијашвили...

Ансамблот на балетот на Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе ја изведе претставата „Есмералда“ работена според романот „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго.
Во улогата на Есмералда ќе настапи примабалерината Александра Мијалкова, додека во улогата на Феб, првенецот Васил Чичијашвили.
Останатите улоги им се доверени на Ивана Коцевска, Киро Павлов, Драган Кочоски, Билјана Пашариковска и Цветанка Максимовска.
